Светскиот ден на срцето

26 септ. 2019
srce1.jpg

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, со задоволство, и оваа година е носител на активностите за одбележување на “Светскиот ден на срцето” во нашиот град.
Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид, а во заедничка организација со фармацевтската компанија Алкалоид-Скопје, ќе се вклучиме во глобалната кампања, која по повод 29 Септември - Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници, државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците со единствена цел – подигање на свеста на заедницата и секој поединец во неа за можностите да се намали бројот на засегнати од кардиоваскуларни заболувања. Годинешното мото е "Направи ветување ЗА МОЕТО СРЦЕ, ЗА ТВОЕТО СРЦЕ, ЗА НАШИТЕ СРЦА" и треба да ги потсети сите дека бројот на на КВЗ може да биде значајно намален со контрола на ризик факторите и адекватна грижа за своето здравје на секој поединец.
На 28.09 ( Сабота) на градскиот плоштад, традиционално, ќе биде поставен шатор и вработени од нашата болница ќе вршат превентивни прегледи за сите заинтересирани во периодот од 10-13 часот. Заинтересираните ќе имаат можност и да добијат одговори на прашања поврзани со кардиваскуларното здравје.