Оддел за функционална проценка на миокардот

Одделот има просторни услови и медицински кадарза вршење на високо  специјализирана здравствена дејност како специјалистичко-субспецијалистички дијагностички постапки за  проценка на функционалниот капацитет.

Се дијагностицираат и проценуваат пациенти кај кои се спроведува стационарна кардијална рејхабилитација како и амбулантни пациенти со различни кардиоваскуларни и интернистички состојби кај кои е индицирана потреба од функционална проценка  на кардиопулмоналниот капацитет:

- Дијагностички тест на оптоварување на ерговелосипед (се спроведува по протокол за дијагноза на атериска коронарна болест) како кај стационарни така и кај амбулантни пациенти,

- Тест на оптоварување на Ерговелосипед за функционална проценка(индивидуализиран степ протокол) на  пациенти на стационарна рехабилитација и амбулантни пациенти,

- Спирометрија - за детекција на пулмонални состојби кои го афектираат функционалниот капацитет на пациентот,

- 6Минутен тест на одење – за функционална проценка на пациенти кај кои од различни причини не е возможен тестот на ерговелосипед,

- 6 Минутен  тест на одење  за одредување на клаудикациска дистанца на пациенти со периферна артериска болест со интермитентни клаудикации.

Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност  со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.