Оддел за перкутани артериски инвазивни процедури

Одделот располага со простор,опрема и професионален медицински персонал специјализиран за извршување на специјалистичко-супспецијалистички здравствени услуги од област на интервентна ангиологија кај елективни и ургентни пациенти.

Дијагностички и тераписки процедури:

1. Аортографија

2. Каротидографија и ангиографија на интракранијални артерии

3. Ангиографија на артерии на долни есктремитети

4. Ангиографија на артерии на горни екстремитети

5. Ангиографија на ренални артерии

6. Балон дилатација/Стентирање на артерии на долни екстремитети

7. Балон дилатација/Стентирање на артерии на потколеница

8. Балон дилатација/Стентирање на артерии на горни есктремитети

9. Балон дилатација/Стентирање на артерии на каротидни артерии

10. Интраартериска тромболиза при акутна тромбоза на артерии на горните и

      долни екстремитети

11. Перкутани интервенции на аорта

12. Перкутани интервенции на ренални, супра- и инфра- ренални артерии

Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност  со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.