Оддел за ултрасонографски иследувања

Одделот за ултрасонографски иследувања располага со опрема (ултрасонограски апарати) и медицински персонал специјализиран за изведување на ултрасонографски иследувања закардиоваскуларни заболувања кај амбулантски, болнички и пациенти на кардиоваскуларна рехабилитација.

Во одделот се врши дијагностицирање на одделни видови на кардиоваскуларни заболувања, следење на веќе дијагностицирани заболувања, следење после кардиоваскуларни интервенции и операции и превентивни иследувања на спортисти и високо ризична популација.

Дијагностичките дејности кои се вршат во одделот за ултрасонографко иследување се:

- Трансторакална ехокардиографија,

- Трансезофагеална ехокардиографија,

- Стрес ехокардиографија,

- 3Д ехокардиографија,

- Доплер ултрасонографија на перифени артерии,

- Доплер ултрасонографија на периферни вени,

- Доплер ултрасонографија на каротидини артерии,

- Доплер ултрасонографија на абдоминална аорта,

- Ултрасонографски преглед на тироидна жлезда.

Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност  со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.