Оддел за аритмии и електростимулација

Одделот располага со простор,опрема и професионален медицински персонал специјализиран за извршување на специјалистичко-супспецијалистички здравствени услуги од област на аритмологија и електростимулација кај елективни и ургентни пациенти.

Дијагностички и тераписки процедури:

1. 24/48 часовен холтер ЕКГ,

2. Имплантација на loop recorder,

3. Имплантација на едно/двокоморен pacemaker,

4. Имплантација на CRT,

5. Имплантација на ICD,

6. Замена на генератор/електроди на pacemaker/ICD/CRT,

7. Техничка контрола на Pacemacer/ICD/CRT.

Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност  со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.