Оддел за специјалистичко - консултативна здравствена дејност

Одделот располага со простор,опрема и професионален медицински кадар за извршување на специјалистичко-супспецијалистички здравствени услуги од област на кардиоваскуларна патологија.

Одделот за специјалистичко - консултативна здравствена дејност располага со простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита(специјалистичко-субспецијалистичка дејност; дијагностичка, тераписка, и превентивно-консултативна дејност).

Одделот функционално и просторно е поделен на неколку делови, во кои се изведуваат различни медицински услуги.

А. Амбуланти-располагаат со посебни простории во кои се изведуваат следниве здравствени услуги:

- прв и контролен специјалистички-субспецијалистички интернистички/кардиолошки

  преглед,

- тријажа на пациенти (витално загрозени пациенти, пациенти со приоритетен упат,

  пациенти со итен упат),

-упатување на пациентитете заизведување на потребни дијагностички процедури.

Б. Дневна болница е дел од одделот за специјалистичко-консултативна здравствена дејност каде се спроведува дијагностичка и терапевтска дејност преку стандардни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи за здравствена дејност.

Во Дневната болница се изведуваат следниве здравствени услуги:

a) прием на пациенти за хоспитално лекување чија состојба и природа на

    заболување не дозволуваат иследување и лекување во вонболнички услови,

б) спроведување на дијагностички постапки за дефинирање и прецизирање на  природата на заболувањето и потребата од понатамошен третман.

         В. Биохемиска лабораторија - претстаува посебна целина од простор, опрема и стручен медицински и лабораториски кадар за извршување на лабораториската дејност, каде преку анализа на крв, други телесни течности, секрети и екскрети се доаѓа до дијагноза на внатрешните болести на пациентите.

            Во Биохемиската лабораторија се врши анализа на материјалот потребен за работа кој стигнува од пациентите кои циркулираат во останатите делови на Одделот за специјалистичко-консултативна здравствена дејност, односно Амбулантите и Дневната болница, но и од останатите Оддели во болницата, како што е Одделот за интензивна нега и болничко лекување, Одделот за интервентна кардиологија и Одделот за рехабилитација.

Во Биохемиската лабораторија се прави анализа на следниве групи параметри:

            -Хематолошки анализи (крвна слика и седиментација),

            -Биохемиски анализи (глуциден статус, деградациони производи, протеинограм, липиден статус, ензими, срцеви биомаркери, електролити и олигоелементи),

            -Имунолошки анализи,

            -Коагулациони анализи (аПТТ),

            -Урина.

Сите тераписки протоколи и процедури кои се применуваат се во согласност  со препораките од Законот за здравствената заштита и протоколите од медицина базирана на докази објавени во Службен весник.