СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО 2021

28 септ. 2021
Светскиот ден на срцето кој се одбележува секоја година на 29-ти Септември е востановен од Светската федерација за срце и има за цел да ги информира луѓето ширум светот за кардиоваскуларните болести и сите аспекти поврзани со можностите за нивна превенција и третман.
Годинашното мото на Светскиот ден на срцето е: КОРИСТИ ГО СРЦЕТО ДА СЕ ПОВРЗИШ
Ставен е акцент на огромните можности на дигиталните технологии во служба на подигање на свеста за важноста на превенцијата и константната поврзаност на кардиоваскуларните пациенти со своите доктори и здравствените работници преку тн. Телемедицина, како и поврзаноста со семејството и пошироката заедница.
Годинешната кампања се заснива на три столба :
ЕДНАКВОСТ- преку користење на дигиталните можности да се овозможи достапност до здравствена грижа за оние на кои одењето во специјализирани кардиолошки установи им е оневозможено, било заради Ковид пандемијата и стравот од зараза, било заради реално отсуство на здравствена инфраструктура во многу делови од светот .
ПРЕВЕНЦИЈА- Грижи се за своето здравје, храни се здраво, подалеку од цигарите, доволно физичка активност... Дигиталните можности да се дојде до релевантни информации на овие теми и бројните апликации за уредите кои секојдневно масовно се користат можат да бидат од голема помош.
ЗАЕДНИЦАТА- Околу 520 милиони пациенти со КВБ во светот се силно погодени од КОВИД 19 пандемијата. Стравот од Ковид 19 доведе до пропуштени термини за редовни контроли, редуцирани контакти со семејството и блиските, намалена физичка активност. Дигиталните мрежи даваат можност да ги поврзат пациентите со блиските, со други пациенти, со докторите и здравствените работници. Треба интензивно да се користат за оваа цел.
Нашата болница и оваа година како и многу наназад активно се вклучува во оваа глобална кампања по повод годинешниот Светски ден на срцето. Во соработка со реномираната компанија Крка ќе бидат организирани активности во болницата, но ќе бидеме присутни и во медиумите преку гостувања на локалните и национални телевизии и радио станици. Нашата мисија да делуваме превентивно трае во текот на целата година, овој ден го користиме да се приклучиме на Светската Федерација за Срце во напорите борбата за подобро Кардиоваскуларно здравје да станува се поуспешна.

May be an image of child, standing and text that says 'USE USE TO CONNECT USE USE'