Светски ден на хипертензија

17 мај 2019

17ти мaј е Светски ден на хипертензијата востановен од пред 15 години и неговото одбележување има за цел да ја подигне свеста за важноста на оваа медицинска состојба која многу често останува неоткриена и нетретирана. Годинава целиот месец Мај е во знакот МММ(May Measurement Month). Toa e глобална камапања која ја предводи ISH (Интернационалното здружение за хипертензија) а на која и се приклучуваме и ние, како установа која е предводник во активностите посветени на превенција и третман на кардиоваскуларни болести во земјава. Годинашниот Светски ден на хипертензијата го одбележуваме заедно со нашиот долгогодишен соработник и партнер во спроведување на различни превентивни кампањи, компанијата Алкалоид. Во просториите на Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања е поставен штанд каде со пациентите разговараме за хипертензијата, важноста од рано откривање и адекватен третман. Знаењето за оваа болест им го збогатуваме со наменски едукативен материјал кој го добиваат. Хипертензијата е во нашиот фокус секојдневно 365 дена во годината. Овој е повод да упатиме апел широката јавност да не заборава на Покачениот крвен притисок и да не го игнорира исто така.

Image may contain: 11 people, people smiling, people standing

No photo description available.

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing

Image may contain: 2 people

Image may contain: 3 people, people standing

No photo description available.