ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТ CROSS4ALL

30 ноем. 2020
cross4all_logo.png

 Деновиве беше промовиран проектот Cross4all – “Прекугранична иницијатива за интегрирани здравствени и социјални услуги за промоција на сигурно стареење, рана превенција и независно живеење за сите “ кој го имплементира Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “ Св. Стефан” во соработка со Општина Охрид, Солунскиот универзитет „Аристотел“, Факултетот за информатички и комуникациски технологии „Св. Климент Охридски“ од Битола и Општина Неаполис од Грција. 

Some description

Една од целите на проектот претсатвува овозможување на здравствени услуги на жителите од руралните и оддалечени места, пациенти со хронични болести, луѓе со инвалидитети и ограничена мобилност, како и други ралнливи категории на граѓани на кои од разни причини достапноста на превентивни и редовни контролни прегледи им е оневозможена. За таа цел Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “ Св. Стефан” на располагање ќе стави дел од својот медицински и технички персонал, кој ќе биде поделен во два тима. Еден тим ќе биде стациониран во нашата установа, во специјално опремена амбуланта со опрема набавена во рамките на проектните активности, додека другиот тим ќе биде во организирана мобилна единица која со возило опремено со комплетна опрема ќе ги посетува руралните средини и оддалечните места и ќе ги изведува прегледите на терен. Прегледите ќе се изведуваат со опрема набавена во склоп на проектните активности и ќе содржат кардиоваскуларна проценка, со мерење на крвен притисок, правење електрокардиограм, мерење на кислородна сатурација, гликемија, телесна тежина и температура, спирометрија, аускултаторен наод на бели дробови и срце и доколку докторот процени ќе има можност за употреба на телемониторинг апарти кои би се оставиле кај пациентот, во времетраење кое ќе го одреди лекарот и во кое ќе се мерат витални знаци кои ќе помогнат во понатамошната дијагностика и третман. Врз основа на овие прегледи медицинскиот персонал ќе даде понатамошни упатства за евентуални додатни иследувања доколку се потребни како и препораки за промени во терапија и хигиено-диетески режим. Во следната фаза од проектот планирано е сите прегледи кои ќе се документираат да бидат внесени во електронски лични доиеја, кои преку мобилна апликација и on – line платформа ќе бидат достапни на секој пациент, и истите, како една електронска историја на пациентот ќе може да ја приложат во секој момент, било каде во светов. Деновиве се подотвува барање за обезбедување на дополнителни финансиски сретства за набавка на опрема со кои би се вклучиле во борбата со COVID 19. Оваа опрема би содржела брзи COVID тестови, комплетна заштитна опрема за медицинските тимови (маски, скафандери, ракавици, заштитни мантили), кислородни концентратори со кои мобилните тимови, во време кога болничките капацитети се речиси комплетно исполнети, би ја олесниле работата на здравствените институции и медицинскиот персонал.