ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" | месност „Св.Стефан“, на 4 километри од Охрид на патот за „Св.Наум“ | Охрид | +389-46-277-700 | cardioohrid@t.mk
ЈЗУ Специјализирана болница за превенција,  лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни  заболувања - "Свети Стефан"

Кардиоваскуларна

рехабилитација

Кардиоваскуларната рехабилитација се прави кај пациенти кај кои е индицирана после болничко лекување и со решение кое се издава од фондот за здравствено осигурување.

Кардиоваскуларна рехабилитација

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на

кардиоваскуларни заболувања од Охрид е единствената јавна медицинска установа

во Македонија специјализирана за изведување на стационарна кардиоваскуларна

рехабилитација.

Во тек на нашето повеќе од 40 годишно постоење активно сме посветени на

развивање на овој уникатен програм и негово модернизирање според современите

светски стандарди.

Што претставува кардиоваскуларната рехабилитација?

Согласно дефиницијата на Европското здружение за кардиологија,

“Кардиоваскуларната рехабилитација ( КР) ја сочинуваат мултифакториелни и

сеопфатни интервенции ( постапки) во секундарна превенција, надгледувани и

спроведувани од соодветно тренирани здравствени професионалци, кои имаат за

цел да обезбедат клиничка стабилизација, да ги ограничат физиолошките и

психолошки ефекти на кардиоваскуларната заболување (КВЗ), да ги контролираат

симптомите и да го намалат ризикот за наредни кардиоваскуларни настани.”

Поедноставно, тоа е медицински надгледуван програм кој им помага на

пациентите побрзо да закрепнат по миокарден инфаркт, операции на срцето и

крвните садови и да го подобрат севкупното физичко, ментално и социјално

функционирање.

Се состои од внимателно создаден програм на темелни медицински

иследувања, тренинг со физички вежби, советување , предавања од страна на тимот

на лекари и проценка на психолошкиот статус ипсихолошка поддршка од страна на

психолог.

Постојат огромен број на клинички студии кои недвосмислено потврдуваат

дека пациентите кои биле вклучени во програми на кардиорехабилитација имаа

сигнификантно намален ризик од нови срцеви настани, имаат помал број на нови

хоспитализации, подобро преживување и подобар квалитет на живот. Заради тоа и

најпрестижните стручни кардиолошки асоцијации ( Европско здружение за

кардиологија, Американската асоцијација за срце и др.) ја препорачуваат со

највисока класа на препорака со највисоко ниво на докази.

За кого е наменет овој програм?

Особен бенефит имаат пациенти кои имаат медицинска историја на: Акутен

миокарден инфаркт ( срцев удар), Коронарен артериски бајпас, Операции на

срцевите валвули, операции на крвни садови на екстремитети, операции заради

некои вродени срцеви заболувања и др.

ФЗО има изготвено правилник за упатување на продолжено болничко лекување

и рехабилитација со листа на дијагнози за кои е наменето и за кои трошоците се на

товар на ФЗО.

Рехабилитацијата треба да се спроведе 1-2 месеци по извршената интервенција

со цел да се постигнат најдобри резултати.

Што треба да направам за да бидам дел од овој програм?

1. Од установата во која Ви била извршена хируршка или перкутана

интервенција, односно се одвивало болничкото лекување побарајте конзилијарно

мислење за продолжено болничко лекување – медицинска рехабилитација,

потпишано од тројца специјалисти.

2. Конзилијарното мислење заедно со отпусното писмо од Установата во која

сте биле лекувани доставете го во подрачната едниница на Фондот за здравствено

осигурување во Вашето место на живеење.

3. Штом ФЗОМ Ви издаде решение за специјализирана медицинска

рехабилитација како продолжено болничко лекување , истото доставете го лично,

преку пошта ,на e-mail.cardioohrid@t-home.mk или на Вибер (072 270 683) до

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на

кардиоваскуларни заболувања со цел да Ви биде одреден термин.

4. Специјализираната медицинска рехабилитација трае најмоногу 21ден, а треба

да започне најкасно 2 месеци од добивање на Решението за продолжено болничко

лекување од ФЗО.

Правото на медицинска рехабилитација е

Ваше законско право – затоа искористете го!

Ве очекуваме на нашата единствена локација на самиот брег на Охридското Езеро.

Рехабилитација