Здрав животен стил
Како да живееме подолг и квалитетен живот
За да живееме подолг и квалитетен живот, клучно е да
водиме грижа за физичкото и менталното здравје.
Редовната физичка активност, како пешачење, вежбање или
јога, го зајакнува телото и го намалува ризикот од болести.
Здравата исхрана, богата со овошје, зеленчук, цели зрна и
здрави масти, е основа за добро здравје. Спиењето од 7-8
часа дневно е неопходно за регенерација. Менталното
здравје се негува преку редовно опуштање, медитација и
социјализација. Избегнувањето на стрес, пушење и
прекумерна консумација на алкохол е од суштинско
значење. Позитивниот став, учењето нови работи и
одржувањето силни врски со семејството и пријателите го
подобруваат квалитетот на животот. Редовните лекарски
прегледи помагаат за рано откривање на потенцијални
проблеми.
15,09,2025: Новиот интернет сајт на кардиолошки
Специјализираната болница за КВЗ се здоби со нов, модерен интернет сајт! Живееме во навистина возбудливи времиња!
19,12,2022: Нашата установа добитник на голем грантов
проект поддржан од швајцарската амбасада
На 19.12.2022 во просториите на нашата болница, за јавноста беше промовирано добивањето на голем грантов проект
поддржан од Швајцарската амбасада за подобрување на енергетска ефикасност, дигитализација и набавка на медицинска
опрема . Во оваа прилика директорката на нашата болница др Елена Коваческа Башуроска, истакна:
,, Огромно е задоволството што нашиот проект е дел од Грантовата шема инвестициски проекти за рамномерен регионален
развој на Амбасадата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа,
Голема благодарност на Швајцарската амбасада ,Министерството за локална самоуправа ,Бирото за регионален развој,
Центарот за развој на југозападен плански регион и сите општествени институции кои беа вклучени во сите фази на
подготовка на овој проект.
Овој проект кој попфаќа енергетска ефикасност , дигитализација и медицинска опрема односно, набавка на современ
ехокардиографски апарат значи подобри, поефикасни, поквалитетни услуги ,во служба на здравјето на граѓаните. Ова е
конкретен ,концизен проект со визија да преку подобрување на инфраструктурните услови и здравствените услуги во
нашата болница која е со идеална локација ,посебно во делот на кардиоваскуларна рехабилитација како единствена дејност
во државата, се створат можности за развој на здравствен туризам што е и дел од националната стратегија .
Инвестирањето во енергетска ефикасност ќе значи подобри услови за нашите пациенти , енергетска заштеда и комплетна
искористеност на болничките капацитети 12 месеци во годината
Имплементацијата на дигитализацијата ќе овозможи воведување на модерните трендови на информатиката во
секојдневната работа .
Установата ќе добие софтверско решение кое ќе го покрива работењето на установата ,како од медицински така и од
административен карактер, што ќе значи унапредување и подобрување на квалитет на услуги, намалување на времето на
чекање на пациентите, брза и прецизна меѓусебна комуникација на медицинскиот персонал ,квалитетно складирање на
податоците и следење на истите по електронски пат. Исто така ова ќе овозможи и темелна и ефикасна статистичка
обработка на податоци, креирање на регистри и заклучоци за чекори кон подобрување на кардиоваскуларното здравје на
нашите пациенти и ќе отвори можност за побогата научна дејност во установата.
Во делот на медицинска опрема ќе се обезбеди современ апарат за ехокардиографија , метода која е неопходна во
секојдневната клиничка пракса .Можностите кои ќе ги нуди овој апарат ќе овозможат најсофистицирана дијагностика на
најкомплексните кардиоваскуларни состојби.
Убедена сум дека со заеднички напори со Центарот за рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион ќе
имаме ефикасна имплементација на овој проект .
Оваа установа нека биде уште поуспешна приказна за развој на јавното здравство во овој регион. Нашите пациенти, нашите
граѓани го заслужуваат тоа“- додаде директорката др Елена Коваческа Башуроска.
Вести