ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" | месност „Св.Стефан“, на 4 километри од Охрид на патот за „Св.Наум“ | Охрид | +389-46-277-700 | cardioohrid@t.mk
ЈЗУ Специјализирана болница за превенција,  лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни  заболувања - "Свети Стефан"

За нас

Амбулантно поликлинички дел

Болницата исто така нуди услуги од типот на амбулантни и поликлинички испитувања на

неинвaзивната кардиологија: ехокардиографија, васкуларен доплер (венски и артериски

систем), холтер (тензија и ЕКГ), Коронарен стрес тест, лабораториски иследувања и има единица

за интензивна коронарна грижа (ICU) која е опремена со систем за континуирано следење на

пациентите.

Кардиоваскуларна рехабилитација

Главна активност на болницата од нејзиното формирање е третман и рехабилитација од

коронарните заболувања, вклучувајќи: рехабилитација на пациентите со акутен миокардитис

како и на пациентите после извршен бај-пас оперативен зафат (оперативна реваскуларизација),

рехабилитација после извршен третман со раширување со балон (PTCA), третман на пациентите

на кои им е имплантиран пејсмејкер, постоперативен третман на пациентите со здобиени или

вродени коронарни заболувања, третман на лицата кои страдаат од хипертензија и периферни

циркулациони заболувања како и третман на други типови заболувања на пациенти врз кои не е

извршен оперативен зафат со здобиени или вродени коронарни заболувања.

Повратни информации и забелешки

Сите повратни информации, забелешки или препораки за работењето на болницата можете да

ги испратите по пат на email на адресата: cardioohrid@t.mk или во писмена форма во сандачето

кое стои на рецепцијата на одделот за рехабилитација. Сите ваши мислења за нас се мошне

важни и ние сереизно ги разгледуваме.

Извештаи за финансиското работење на институцијата

Според препораките на Фондот за здравство и Министерството за здравство, медицинските

установи се дожни да ги направат достапни информациите за финансиското работење на

институцијата.

Тие информации се достапни од следните документи: (линкови)

Објавени огласи

Случени договори

Реализирани договори

Планирани набавки

43 Години грижа за вашето здравје

Специјализираната болница „Свети Стефан“ во Охрид

е формирана во 1982 година, и во тек на време

прераснува во респектибилен регионален

кардиолошки центар каде се лекуваат и

рехабилитираат пациенти од Македонија и соседните

држави.

Од 2006 година во болницата се вршат интервенции од

областа на интервентната кардиологија. Установата

може да се пофали со импозантни бројки, со

спроведени над 400 илјади дијагностички процедури,

повеќе од 180 илјади амбулантски третирани пациенти

и над 60 илјади болнички третирани пациенти.