ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" | месност „Св.Стефан“, на 4 километри од Охрид на патот за „Св.Наум“ | Охрид | +389-46-277-700 | cardioohrid@t.mk
ЈЗУ Специјализирана болница за превенција,  лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни  заболувања - "Свети Стефан"

Специјализираната болница „Свети Стефан“ во

Охрид е формирана во 1982 година, и во тек на

време прераснува во респектибилен

регионален кардиолошки центар каде се

лекуваат и рехабилитираат пациенти од

Македонија и соседните држави.

Од 2006 година во болницата се вршат

интервенции од областа на интервентната

кардиологија. Установата може да се пофали со

импозантни бројки, со спроведени над 400

илјади дијагностички процедури, повеќе од 180

илјади амбулантски третирани пациенти и над

60 илјади болнички третирани пациенти.

Амбулантно поликлинички дел

Болницата исто така нуди услуги од типот на амбулантни и

поликлинички испитувања на неинвaзивната кардиологија:

ехокардиографија, васкуларен доплер (венски и артериски

систем), холтер (тензија и ЕКГ), Коронарен стрес тест,

лабораториски иследувања и има единица за интензивна

коронарна грижа (ICU) која е опремена со систем за

континуирано следење на пациентите.

Кардиоваскуларна рехабилитација

Главна активност на болницата од нејзиното формирање е

третман и рехабилитација од коронарните заболувања,

вклучувајќи: рехабилитација на пациентите со акутен

миокардитис како и на пациентите после извршен бај-пас

оперативен зафат (оперативна реваскуларизација),

рехабилитација после извршен третман со раширување со

балон (PTCA), третман на пациентите на кои им е

имплантиран пејсмејкер, постоперативен третман на

пациентите со здобиени или вродени коронарни

заболувања, третман на лицата кои страдаат од

хипертензија и периферни циркулациони заболувања како

и третман на други типови заболувања на пациенти врз кои

не е извршен оперативен зафат со здобиени или вродени

коронарни заболувања.

Работно време:

Амбулантните

прегледи

се вршат во периодот

7.30 - 15 часот

во работните денови

со упат од матичниот

лекар.

Коронарографија и

ангиографија,

имплантации на

pace - maker

Инвазивни

интервенции

Инвазивните интервенции се

прават само со претходно

закажување од страна на

докторите во болницата.

Кардиоваскулрна

рехабилитација

Кардиоваскуларната рехабилитација се прави кај пациенти кај кои е индицирана после болничко лекување и со решение кое се издава од фондот за здравствено осигурување.